
Виртуална Приватна Мрежа (Virtual Private Network – VPN) е приватна комуникацииска мрежа која се користи за комуникација преку јавна мрежа. Транспортот на VPN пакетите се одвиваат преку јавна мрежа, на пример интернет, користејки стандардни комуникацииски протоколи.
VPN им овозможува на корисниците кој се наоѓаат на раздвоени локации, преку јавната мрежа да имаат заштитена комуникација.
VPN мрежата им овозможува на корисниците да разменуваат податоци со врска која е емулирана како директна врска (point-to-point link - PPP) помеѓу корисниците и серверот. PPP емулацијата се добива со енкапсулација на податоци со наслов кој овозможува рутирање преку јавнат мрежа до одредена цел, која е дел од приватна мрежа. Податоците се кодирани и пакетите кој се пресретнуваат во рамките на јавната делена мрежа не можат да се прочитаат/декодираат без клуч за декодирање.