Бројот на корисници на интернет во светот оваа година ќе премине две милијарди
што е речиси третина од вкупната светска популација од 6,9 милијарди луѓе, соопшти Меѓународната унија за телекомуникации (ITU).
Оваа агенција на Обединетите нации им соопшти дека бројот на интернет корисници во изминатите пет години дупло се зголемил, како и дека 226 милиони корисници во оваа година 162 милиони ќе бидат од државите во развој, каде стапката расте, пренесува Ројтерс.
Проценката на ITU е дека земјите во развој треба повеќе да го подобрат пристапот до оваа важна алатка за економски раст.
До крајот на 2010 година пристап на интернет ќе имаат 71 процент од населението во развиените држави и само 21 проценти од луѓето кои живеат во земјите во развој.
Агенцијата ITU соопшти дека посебно е важно земјите во развој да изградат инфраструктура за големи брзини на интернет. „Широкопојасниот интернет претставува следна точка на пресврт. Тој може да создава работни места, да го поттикне економскиот раст и продуктивноста и да ја продолжи долгорочната економска конкурентност“, изјави генералниот секретар на ITU Хамадун Туре.
Податоците од оваа агенција покажуваат дека пристапот на интернет значително варира по региони, така што во Европа пристап кон светската компјутерска мрежа имаат 65 проценти од луѓето, тој процент во Северна и Јужна Америка изнесува 55 проценти, додека во азиско-пацифичкот регион е 21,9 проценти, а во Африка само 9,6 проценти.
превземено од корзо.мк